Само Даниела Рангелова разбрала за што е обвинета – останатите не знаат

Од:

Никола Груевски и останатите обвинети во случајот „Шлаканици во Центар“ се изјаснија дека не се сигурни дека можат да го разберат докрај обвинението, посебно затоа што имало одредени измени. Замолија да го добијат обвинението со техничките измени на писмено.

Само пратеничката Даниела Рангелова се изјасни дека разбира за што е обвинета од СЈО. Судијата Душан Јосифов на Груевски му рече дека смета оти е интелектуалец и поради тоа може да разбере за што е обвинет.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 13 март. Денешното судење почна од почеток поради промена на распоредот на судии, со воведни зборови на обвинтелката Фетаи.

Адвокатите на Груевски и останатите обвинети, над 3 часа изнесуваа процесни приговори, а судијата им дозволи да искажат сè на што имаат забелешка. Во предметот се обвинети 14 лица. Двајца признаа вина и беа правосилно осудени, а за еден се води издвоена постапка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски