Само 2,5 посто разлика во рејтингот меѓу Груевски и Жерновски

Од:

15-тина инспекции, блокади, протести. Ова како да стана вообичаена слика во Центар. Власта прави се и не бира средства да ја блокира работата на Жерновски и на општина Центар.

И логичното прашање е зошто.

Како што дознава „Либертас“, некому му попречија информациите од последната нарачана анкета од ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата меѓу Груевски и Жерновски е алармантни 2,5 посто разлика во корист на премиерот, објави порталот.

nikola-gruevski-01

„Црвеното светло на тревога е вклучено, бидејќи никој волку не му се доближил на Груевски во довербата од граѓаните.

Дознаваме дека се оди дотаму, седницата, на која се ДУП-овите со кои се манипулираше јавноста, потоа, Ребалансот на буџетот, на барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Инспекторатот на локална самоуправа да ја поништи. Инспекторка во петокот беа кај градоначалникот Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, се врши притисок, да се направи невиден преседан и да се поништи седницата. Ова досега не се случило ни на централно ни на локално ниво“, објави „Либертас“.

centar-opstinaИнспекциите се секојдневие во општина Центар, и тоа единствено тука, признаваат и инспекторите. Досега го има 15-тина, три пати повеќе за месец и половина од сите 4 години на Тодоровиќ.

За 21. јуни најавен е вонреден инспекциски надзор од Министерството за информатичко општество и администрација.

Барањето е од Нико-фон, а се однесува на гаражата кај Авто Македонија.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски