Само 20 кандидати за градоначалници од скопскиот регион ја потпишаа Јавната заложба за заштита на жените

Од:

Само 20 од вкупно 62 кандидати за градоначалници од скопскиот регион за локалните избори денеска ја потпишаа Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство.

Иницијативата дојде од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и здружението на еднородителски семејства „Една може“.

Според Елена Димушевска од Националната мрежа, Македонија е земја со голема стапка на семејно насилство каде на годишно ниво има илјада до илјада и двесте нови случаи, додека само во изминатите шест години има 20 убиства на жени од интимен партнер за кои е известено во медиумите и бројката веруваме е многу поголема.

– Состојбата со сервисите на жени жртви на насилство во Македонија е многу загрижувачка. На национално ниво има четири шелтери со капацитет од 30 кревети, дополнително само еден центар за советување и еден кризен центар во Скопје и неколку центри за бесплатна правна помош. Со заложбата бараме минимум пакет на специјализирани сервиси за жени и деца жртви на различни форми на насилство во секој плански регион, рече Димушевска.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, ја поздрави иницијативата и рече дека ќе сите нивни кандидати ја поддржат и пакет мерките ќе бидат дел од буџетите и плановите за работа во идниот мандат.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов, по потпишувањето на заложбата рече дека, силно ја поддржуваат акцијата и посочи дека со програмата предвидуваат изградба на најмалку два такви центри.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори