Само 0,1 отсто од граѓаните самоиницијативно направиле ХИВ тест

Од:

Покрај тоа што бројот на ХИВ тестирања е зголемен, сепак статистичките податоци покажуваат дека до октомври 2012 година само 0,1 отсто од граѓаните самоиницијативно направиле ХИВ тест.

Малиот број на тестови е се уште главна причина за доцна дијагноза на новите случаи со ХИВ: 73 отсто од нив се тестирале откако веќе се појавиле здравствени проблеми поврзани со ХИВ. Навременото осознавање на ХИВ позитивниот статус e клучно за навремено третирање на ХИВ и обезбедување на долг и квалитетен живот.

Ова е пораката која денеска на прес-конференција на павилјонот за ХИВ тестирање на плоштадот Македонија ја упатија извршниот директорот на ХЕРА (Асоцијација за здравствена едукација и истражување) Бојан Јовановски, како пратениците во Собранието на Република Македонија, Лилјана Поповска и Ивон Величковски од Меѓупартиската група за ХИВ, кои направија ХИВ тест.

Од ХЕРА истакнаа дека сите лица кои се дијагностицирани во мобилните клиники за ХИВ тестирање, активни во 11 градови во Македонија, а кои ги организира ХЕРА со партнерските невладини организации и Министерството за здравство навремено ја откриле ХИВ инфекцијата, односно во првите години од инфицирањето.

Македонија има ефикасна и распространета мрежа на услуги за доброволно, доверливо и бесплатно ХИВ тестирање во 14 центри во земјава и затоа, како што посочија, е битно сите граѓани, на ист начин како за други здравствени состојби, да направат навремена дијагностика. Телефонот за информирање е 02/3176 950.

Во Собранието е формирана Меѓупартиска парламентарна група за ХИВ во која членуваат 10 пратеници од шест различни партии, која ќе се бори против предрасудите и неинформираноста кои се најголемата бариера за елиминирање на ХИВ и која ќе се залага за поефикасни мерки за превенција, грижа и терапија за ХИВ во рамки на Законодавниот дом. Меѓупартиската група е полноправен член на Европскиот парламентарен форум за популација и развој.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во САД излекувана првата жена со СИДА

Ана Ололовска

Почина вирологот Лик Монтање, нобеловецот кој го откри ХИВ

А1он

Нова многу позаразна варијанта на ХИВ откриена во Холандија

Катерина Ѓуровски