Самка Ибраимоски е старо-новиот претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР). Тој е избран на седмиот конгрес на партијата што денеска се одржа во Тетово.
Ибраимоски, кој беше единствен кандидат предложен од сите партиски ограноци, ја претстави својата програма во која централно место ќе има заштита од дискриминација и подобрување на социјалниот статус на Ромите.
– Подобрување на социјалната и образовната категорија за сите граѓани, вклучувајќи ги и Ромите останува наш главен приоритет, а на конгресот разговаравме и за состојбите околу азилот, изјави Ибраимоски.
На конгресот беа избрани нов Централен совет, Надзорен одбор, како и претседатели на младина, генерален секретар и потпретседатели.