Салиу: Под контрола сите пожари во Македонија

Од:

Состојбата со пожарите во Македонија е под контрола. Гори само на неколку места нискостеблеста шума и сува трева, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.

– Гори во атарот на село Волче кој се очекува да биде ликвидиран во текот на денот. Активен пожар има во селата Дрен и Смолани прилепско каде што се преземаат дејствија. Нов пожар од пред еден час има кај Катланово во село Градманци кадешто гори нискостеблеста шума. Пожарот го гасат припадници на Македонски шуми и ДЗС, а се вклучени двата авиона ер трактори. Активен е уште еден пожар кој избега кон границата со Косово во село Грачане, а гори нискостеблеста шума и очекуваме до крајот на денот целосно да биде изгасен, истакна Салиу.

Директорот на ДЗС информираше дека во гасење на пожарите од утре ќе бидат вклучени и два авиони ер трактори од Израел кои се дојдени со персонал од 24 обучени луѓе. До сега покрај македонскиот хеликоптер кој се уште е активен во гаснење, искорестени биле и хеликоптери од Бугарија и Турција.

Салиу повика пожарите да не се мешаат во политиката и апелираше да и се дозволи на ДЗС да си ја врши својата работа. Тој ги повика припадниците на политичките партиии да се вклучат активно физички во гаснење на пожарите за што ќе добијат и обука од лица од ДЗС.

Во однос на прашањата кои ги добивал изминатите денови за употребата на авионите на ДЗС, Салиу рече дека тие се оперативни со тројца пилоти и дека во моментов дејствуваат во Катланово.

Салиу информираше дека авионите до сега дејствувале 296 пати, исфрлиле 840 тони, а летале околу 130 часа. Во Македонија од 2017 година имало 567 пожари со изгорена површина од 1.234 хектари.

Би можело да ве интересира

Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Горан Наумовски

Гори ниска вегетација и шума кај селата Ајватовци, Долгаец и Никуштак

Активни се шест пожари, под контрола се три, а седум се изгаснати

Пожарот кај поранешната депонија Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче

Голем пожар во Вардариште, цел Аеродром без струја

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Голем пожар во близина на СЦ „Борис Трајковски“

А1он