А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Салиоска: Традицијата не е изговор за државата да ги спречи детските бракови

by А1он17/10/2017 - 15:44570
Share0

Традицијата не е изговор за државата да ги спречи детските бракови. Институциите треба имаат слух и координирано да пристапат кон проблемот со малолетничките бракови во Македонија, рече денеска Несиме Салиоска, директорка на Рома С.О.С од Прилеп, на презентирање на извештајот на Канцеларијата на УНФПА во Скопје „Два различни света – репродуктивно здравје и права во време на нееднаквости“.

Добивај вести на вибер

Таа наведе дека организацијата доставила предлог измени за законите за семејство, за образование и во кривичниот законик. Во законот за семејство тие ќе бараат да се забрани живеење во вонбрачна заедница до 18 години. Во законот за образование да се наведе причината за напуштање на образованието, бидејќи досега нема податоци за бројот на девојки кои го напуштаат училиштето поради вонбрачна заедница.

– Третата измена е за кривичниот законик, односно „сивата зона“. Во член 197 е забележано дека казнивоста на лицата кои склучуваат брак со деца односно лица под 18 години е предвидена доколку лицето нема наполето 16 години. Односно со полни 16 години ниту МВР, ниту ОЈО нема да постапи дури и по барање на родителите, наведе Салиоска.

Таа истакна дека само со законска рамка ќе се овозможи единствен пристап во сите случаи, и додаде оти токму раните бремености се последица на склучување на детските бракови.

– Во интерес на детето е да заврши минимум средно образование за да може подоцна да биде и репродуктивно зрела за семејство, наведе Салиоска.

Посочи дека институциите немаат слух за решавање на овој проблем.

– Тие се секогаш со еден одговор: традицијата е таква, ние не можеме да се мешаме во вашата традиција. Еднаквоста не подразбира ставање на традицијата во прв план за да институциите се ослободат од одговорноста за таа неееднаквост, рече Салиоска.

Таа заклучи дека еднаквоста подразбира преземање одговорност за одредена состојба, од сите засегнати страни, меѓу кои се државата, граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

Дониа Болога, директор на Канцеларијата на УНФПА во Скопје, рече дека економската нееднаквост е тесно поврзана со нееднаквоста во сексуалното и репродуктивното здравје.

– Во најголем број од земјите во развој, 20 отсто од жените во најсиромашниот дел од населението, имаат најмал пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи и контрацепција, посочи таа.

Според неа, десет од 25-те најнееднакви земји се во Источна Европа и Централна Азија. Матерналната смртност, посочи Болога, е осум проценти во ЕУ, четири отсто во Белорусија, додека дури 76 отсто во Киргистан. Таа наведе дека жените со попреченост се соочуваат со потешкотии во остварување на нивното право за репродуктивно здравје, како резултат на стигматизацијата и дискриминацијата.

– Половото насилство е широко распространето во регионот на Источна европа и Централна Азија и ги засега главно жените и девојчињата. Жените и девојките кои живеат во сиромаштија, особено тие што се помалку образовани и живеат во рурални области, а немаат пристап до контрацепција, се под најголем ризик за непланирана бременост. Ова пак води кон поголеми здравствени ризици, како и последици врз економската состојба за нив и за нивните деца, истакна Болога.

decasosunfpa

Би можело да ве интересира

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски14/05/2025 - 12:30

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Горан Наумовски24/03/2025 - 21:25

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Горан Наумовски06/12/2024 - 11:06

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски07/11/2024 - 15:5607/11/2024 - 16:17

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски17/10/2024 - 10:1317/10/2024 - 12:22

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Анита Петровска Рајковиќ30/05/2024 - 12:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен