(ВИДЕО) Салији: СЈО ќе биде специјален оддел во државното Јавно обвинителство

Од:

Во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за период 2017-2022 година предвидено е Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да стане дел од Јавното обвинителство на Република Македонија, како посебен оддел кој ќе се занимава со повисоки кривични дела. Ова го изјави министерот за правда Билен Салији на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на Владата.

Идејата е, како што рече, СЈО да се приклучи во рамките на државното Јавно обвинителство како специјален оддел. Додаде дека се работи на подготовка на закон за измени на Законот за СЈО, што подоцна беше демантирано со соопштение од министерството за правда од каде што кажаа дека се работи на нов предлог-закон за заштита на сведоци.

Во врска со препораката на Прибе, судиите да одговараат кривично доколку сториле кривично дело, рече дека неговата основна препорака е Министерството за правда, односно политиката да е подалеку од судството.

– Ќе настојуваме да се оформат законски решенија за понезависно функционирање на системот, истакна Салији.

На прашањето колку затвореници ќе бидат опфатени со законот за амнестија, министерот не прецизираше колкав ќе биде бројот на амнестирани лица.

– Работната група која го изготвуваше Предлог законот, веројатно ги имала предвид сите фактори и сите елементи. Затоа и Владата одлучи да се организираат стручни расправи и дебати. Според некои проценки над 3.000 луѓе лежат во затвор, а над 4.000 веќе чекаат да дојдат на ред да издржуваат казни, рече министерот.

Целта на ова законско решение кое, како што посочи, нема да се донесе пред изборите, е да се растоварат казнено-поправните установи.

Одговарајќи на прашањето дека имало уназадување на правосудниот систем претходно, кога министри за правда биле негови сопартијци, Салији рече дека Министерството за правда функционира во рамките на Владата, односно во коалициски амбиент.

Во врска пак со законот за јазиците, министерот Салији појасни дека било одлучено по усвојувањето на овој закон од Собранието на РМ, тој да се прати на мислење во Венецијанската комисија заедно со двете спорни одредби кои се однесуваат на хартиените и кованите пари, како и за униформите на АРМ.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on