Сали за чекањето три месеци за снимања: Од јануари нема да разговараме дали мамограф има во Неготино, дали ќе се снима во Струга

Од:

Чекање и по три месеци за мамографија ќе има само до крајот на годинава, најави министерот за здравство Беким Сали. Тој тврди дека од Нова година никој нема да чека за снимање и пациентите од другите градови нема да мораат да доаѓаат за снимања во Скопје оти во тек е набавка и инсталирање опрема во најмалку 12 здравствени установи.

„Тоа е последица на една деценија можеби и деценија и пол во која нерационално се инвестираше и во опрема и во распределба на здравствените услуги. Затоа денес пациенти од внатрешноста од сите градови патуваат до Скопје за да добијат една здравствена услуга. Но таа приказна ќе ја имаме до крај на годината. Од јануари веќе нема да разговараме дали мамограф има во Неготино, дали ќе се снима во Струга, дали ќе може да добијат услуга во Штип и така натаму. Во очекување сме на реализација, потпишан е договор со изведувач на инсталации на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи почнувајќи од мамографи, дигитални рендген апарати, до ангиографи и компјутерски томографи“, рече министерот Сали на денешното промовирање на два нови апарати за магнетна резонанца во ГОБ „8 Септември“.

Сегашните три месеци чекање за мамограф министерот Сали вели дека се поради застоите во снимањата кои се прават додека се сервисира опремата која , пак, е амортизирана, дотраена и неопходни се чести сервиси.

Таквите проблеми министерот Сали уверува дека ќе бидат надминати по Нова година, кога ќе почне да се употребува новата опрема за која е веќе обезбеден и кадар оти распределбата на опремата се вршела според расположливиот кадар. Министерот Сали уверува и дека нема да се повтори праксата на купување опрема и нејзино оставање по магацини со години, опремата веднаш ќе ја пуштаат во употреба.

Би можело да ве интересира

Филипче и Сали први на распит кај Мизрахи: Анкетната комисија за Онкологија почна со работа

Орце Костов

Беким Сали го одобрил приемот на амбулантитите и исплатата, да престане да манипулира реагира Министерството за здравство

Беким Сали: Жртвите од Тетово изгореа по вторпат, а Ковачевски и Меџити го наградија Анѓушев

Орце Костов

Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително

Мицевски: Формално правно Беким Сали се уште е министер, СДСМ не може да му каже да потпише плати

Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче, побарав одговорност од Сали

Орце Костов