Сали и денес не ги повика матичните на разговор: Ова не е протест, ова е штрајк

Од:

Министерот за здравство Беким Сали и денес не ги повика на разговор претставниците на матичните лекари кои и денес го продолжија најавениот тридневен протест и избегна конкретно да одговори дали ќе ги повика. Уште еднаш, како многупати изминативе недели, повтори дека е во постојана комуникација со здруженијата на матичните лекари и дека решенија за проблемите треба да се бараат низ разговори, на маса, а не преку грбот на пациентите.

„Ние сме во постојана комуникација со Лекарска комора, со здруженијата на општите лекари односно матичните лекари, со здруженијата на семејните лекари. Јас сметам дека треба да бидете информирани дека не сите лекари од примарното ниво штрајкуваат. Ова не е протест, ова е штрајк со тридневно изразување револт кон политиките кои ги практикува односно ги прави Министерството. Јас и во минатиот период повикав на разбирање и заедничка соработка затоа што пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои каснат. Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 отсто од матичните лекари. Слободно проверете, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од овој штрајк и не се вклучија во изразување на револт со таков вид бојкот на работа со кој подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот затоа што измени во системот се прават преку разговори, не преку штрајк во кој пациентите, за жал, се тие кои што патат“, рече министерот Сали.

Тој уверува дека разгледувањето на новиот закон за здравствена заштита „е на самиот крај“, се било разгледано и обработено, а со менувањето на законот се задоволуваат голем дел од барањата на матичните лекари.

„Иако се работи за проблеми генерирани и со години наназад, Министерството за здравство е посветено на отворените прашања, во прв ред корекција на капитацијата на сите избрани лекари, а понатаму и овозможување на полесно функционирање на ординациите од една страна, но и мотивирање на младите доктори од друга страна, имајќи ја превид рамномерната достапност на примарните лекари низ целата држава, преку воведување на стимулации, можност за работа без медицинска сестра додека да се прикрепат определен број на пациенти и слично. За таа цел,  Министерството веќе иницираше информација која е во владина процедура, а согласно барањата на матичните лекари. Неоспорно е дека моменталната глобално-економска состојба во државата како и пошироко ќе ги детерминира конечните исходи и резултати, но сигурни сме дека во еден партнерски однос со матичните лекари ќе дојдеме до заеднички прифатливи решенија, впрочем и онака како што започнавме“, изјавија од Министерството за „А1он“.

Штрајкот на матичните лекари ќе продолжи и утре.

Би можело да ве интересира

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Израел: Судот нареди -веднаш престанете

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Матичните лекари се жалат на казните за пречекорување на издадени лекови