А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Сахара груп“ почнува со реорганизација на „Џумајлија“

by А1он26/08/2013 - 11:19187
Share0

Претставници на индиската „Сахара груп“ утре доаѓаат повторно во Македонија за да започнат со реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“.

Добивај вести на вибер

Првите градежни работи ќе започнат до октомври, а активностите ќе се засилат на пролет, објави ТВ Алфа. Во наредните три години ќе бидат изградени четири одвоени фарми за крави кои ќе бидат целосно климатизирани и со оддели за механичко молзење, високотехнолошка млекарница, како и објекти за производство на добиточна храна. Дваесетте илјади крави ќе пристигнат од Холандија, во неколку фази. Целата инвестиција е проценета на 211 милиони евра – 60 милиони во првите 8 месеци, 70 милиони во наредните 12 и уште 80 до крајот на тригодишниот период.

Ќе се вработат 2.000 луѓе од различни профили поврзани со земјоделството, но агрокомбинатот ќе соработува и со локалните сточари. Новите технологии би требало да им ги зголемат приносите и до 30 отсто.

Според договорот склучен со Министерството за земјоделство, за земјиштето претставништвото на Сахара на државата во наредните 15 години ќе и плаќа закупнина од 121.000 евра годишно. Ове беше повод за реакции – според опозицијата субвенциите ќе биле поголеми од надоместокот за концесија. Власта тогаш возврати дека за таа површина максималниот износ на субвенции не надминува 85.000 евра, и оти опозиционерите се обидувале да ги избркаат странските компании.

„Џумајлија“ е вториот најголем агрокомбинат во Македонија. Поседува 6.000 хектари обраболиво земјиште и 6.000 хектари пасишта, винарска визба, млин, фарма со капацитет од 1.000 овци и 200 крави. Пред да пропадне годишно произведуваше над 20.000 тони житни и фуражни култури.

subrata

Би можело да ве интересира

Синот на Субрата Рој на списокот на спорни гласачи

Емир Латифовиќ26/07/2016 - 19:42

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот со Сахара груп, нема штета по државата

Емир Латифовиќ11/11/2014 - 17:20

(ВИДЕО) Ставревски: Инвестицијата на „Сахара груп“ станува реалност

Емир Латифовиќ11/11/2014 - 15:4312/11/2014 - 11:55

МЗШВ ги презеде сите мерки при потпишување на договорот со „Сахара груп“

Емир Латифовиќ08/11/2014 - 20:08

Субрата Рој – Крај на приказната за големите инвестиции

Емир Латифовиќ08/11/2014 - 14:4308/11/2014 - 14:54

Твитер: 20.000 крави на Субрата во Џумајлија ќе протестираат за слобода на нивниот стопан

Емир Латифовиќ28/02/2014 - 14:3928/02/2014 - 22:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен