САД на Собранието на ОН ќе се посветат и на „помалите прашања“ како Македонија

Од:

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, САД ќе работат и на прашањата како што е спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави Дин Питман, помошникот државен секретар на САД на брифингот на кој ги претстави

американските приоритети за Генералното собрание, кое почнува следната недела.
Питман одговори на новинарско прашање за тоа дали администрацијата на САД ќе има можност да работи и на ова помало прашање, покрај крупните светски проблеми како војната во Сирија или Арапската пролет.

– Ако погледнеме кој се ќе биде во Њујорк, таму ќе имаме можност да обрнеме внимание и на помалите прашања, покрај поголемите прашања. Ќе има делегации од секоја земја во светот, најголем дел од функционерите во Стејт Департментот исто така ќе бидат во Њујорк, државниот секретар, помошниците секретари, и ќе има можности да се искористи и тоа за ваквите помали прашања, кое знам дека не е мало прашање, бидејќи да беше мало, досега ќе беше решено, изјави Питман. Тој подоцна на новинарско прашање го стави спорот за името меѓу Македонија и Грција во категоријата на замрзнати конфликти, како територијалниот спор меѓу Ерманија и Азербејџан.

На Генералното собрание во Њујорк од македонска страна предвидено е да присуствуваат претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски, кој пред Генералното собрание ќе се обрати на 27 септември, и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Грчката делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос. Грчки дипломатски извори најавија дека е можно и грчкиот премиер Андонис Самарас да дојде во Њујорк, иако помина само еден месец по неговата посета на Њујорк и Вашингтон.
Самарас размислувал да го посети Вашингтон за отворањето на византиската изложба во Националната уметничка галерија, на 6 октомври, како и за средби со конгресмени, кои беа отсутни од Вашингтон за време на неговата посета во август, но сепак, оваа посета веројатно нема да се реализира.

Помошникот секретар Питман најави дека главното прашање на кое САД ќе работат во Њујорк, односно како што рече „слонот во собата“, ќе биде војната во Сирија. Американскиот претседател Барак Обама, кој ќе биде во Њујорк заедно со државниот секретар Џон Кери, ќе се обрати на Генералното собрание во вторник, а воедно ќе има билатерални средби со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, како и три билатерални средби – со водачите на Нигерија, Либан и Палестинските територии.

Но останува отворена можност за Обама да одржи историска средба со новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани. Рохани, во колумна објавена во „Вашингтон пост“ побара ваква средба со Обама, на која би се разговарало за иранската нуклеарна програма, но и за војната во Сирија, каде САД го обвинуваат Иран дека ги вооружува силите на режимот на Башар ал Асад.

Државниот секретар Кери ќе има средба со рускиот колега Сергеј Лавров, на која ќе ја продолжат дипломатската иницијатива за разврска на војната во Сирија, по сириската употреба на хемиско оружје врз цивили.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска