САД: Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ и за Договорот со Грција

Од:

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт департментот.

„САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет. Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции, се наведува во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија“, велат оттаму.

Би можело да ве интересира

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

САД: „Подготвени сме за напад“