САД го ратификува протоколот за членство на земјата во НАТО

Од:

Сенатот на САД попладнево го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца беа против. Против беа републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол и републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

„Благодарност до САД за ратификацијата на протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO“, напиша Пендаровски.

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнс на Твитер напиша дека Сенатот го ратификувал протоколот и оти тоа е резултат на напорна работа и посветеност да се инвестира во иднината.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он