Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Од:

Обвинителот Бурим Рустеми, кратко по доаѓањето во Вишото јавно обвинителство, дал позитивно мислење за да им се намалат казните на дел од осудените за насилствата на протестите за „Монструм“, кои се одржаа на крајот од февруари. Осудените на казна од една година затвор побарале, а Рустеми оценил дека е висока казната од една година затвор изречена на тројца од осудените, кои претходно признаа вина.

Нивната пресуда е правосилна, исто како и на уште едно лице кое е осудено на година и осум месеци затвор. Сите беа прогласени за виновни бидејќи сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејствија, а откако седум полицајци беа повредени на протестите, кога демонстрантите кон нив беше фрлано со разни предмети.„Беше дадено позитивно мислење по поднесените жалби за предметот за кој прашувате, водејќи се од вораста на осудените лица, фактот што истите имаат признаено вина и изразено каење за стореното кривично дело. веќе извршуваа притворска мерка во траење од повеќе од два месеци , како и поради тежината на кривичното дело“, велат Вишото јавно обвинителство за „А1он“.

Жалбите за овие лица се поднесени кон средината на месец мај, по што е дадено мислење за да се уважат, а сега се чека и одлука дали казните ќе им се намалат. При изрекување на казната, Кривичниот суд ги ценел сите олеснителни и отежителни околности.

Обвинителството водеше постапка против седум лица. Првостепена пресуда е донесена и за останатите три лица, од кои две лица добија казна од година и два месеци затвор, а едно година и шест месеци. Бидејќи им е судено во раздвоена постапка, двете лица се жалат на висината на казната, додека за третото лице се уште течат роковите за жалба.

Протестите против казните за осудените во „Монструм“ се одржаа крајот на февруари, а ескалираа кај трговскиот центар „Мавровка“. Со камења се фрлаше кон полицискиот кордон, а оттаму возвратија со шок бомби за да се растераат демонстрантите. Протестите, тогаш, ги најавија роднините на осудените, кои се жалеа дека тие се невини и осудени без докази.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицијата ги спречи демонстрантите да влезат во Филозофскиот факултет во Нови Сад

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Илјадници граѓани излегоа на улиците на Србија против блокадите

Предраг Петровиќ

На 100 локации низ Србија најавен нов собир на граѓаните против блокади

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Демократски“ ќотек: Полицијата во Берлин ги претепа пропалестинските демонстранти

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе во Тел Авив бараа договор од владата за заложниците

(ВИДЕО) Главните патишта во Израел затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа