Русковска: Се истражува рекет и врз други бизнисмени

Од:

Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството, но во моментов детали за тоа не можат да се откријат, вели обвинителката Вилма Рускоска и посочува дека се уште не завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.

-Имаме сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите, наведува Рускоска во изјава за Дојче веле.

Информира дека се уште трае вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што и беше одземен во понеделникот и дека, од тој аспект, нема нови моменти во истрагата.

Русковска вели дека „се уште не контактирале други обвинители и истражители од СЈО“ во врска со случајот „Рекет“, како и за предметот „Империја“.

Таа уште еднаш потврди дека премиерот Зоран Заев го информирал ЈО за случајот „Рекет“. Други случаи на уцена врз бизнисмени пријавени од страна на премиерот, немало.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ