Русковска побара притвор за кумот на поранешниот премиер Груевски

Од:

Обвинителката Вилма Русковска денеска од судијата на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје побарала притвор и замрзнување на имотот за осомничениот Ристо Новачевски кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно.

-Истрагата се работела подолг временски период и е започната во поранешното СЈО, апоследните неколкумесеци се работеше во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Се работи само за едно кривично дело “перење пари и други приноси од казниво дело“ затоа што предикативното е веќе застарено. Во моментов се осомничени шест лица, изјави Рускоска пред Кривичниот суд.

Таа прецизира дека во моментов се осомничени само физички лица и додаде дека сега за сега во истрагата нема осомничено правно лице.

Во овој предмет покрај Новачевски осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он