Русковска контра Јовановски: Има слика со торбата, време и локација каде што живеат неговите родители

Од:

Обвинителката Вилма Русковска по рочиштето за „Рекет“ рече дека во телефонот на првообвинетиот Бојан Јовановски била најдена фотографија, со точна локација и време и торбата „Луј Витон“ на неа. Ова образложение Русковска го даде откако Јовановски кажа дека од домот на Камчев торбата ја зел Милески-Кичеец и оттогаш ја немал видено. Според исказот на Јовановски, по два дена откако била земена, торбата била вратена во домот на Камчев.

„За торбата за која тврдеше дека ја видел само кога Милевски ја зел и по два-три дена кога Милевски ја вратил. Во анализата на неговиот телефонски уред има слика, точна локација каде што живеат родителите на Бојан Јовановски, точно време, торбата е внатре. Тоа укажува дека од кај Камчев торбата завршува во куќата каде што живеат родителите на Бојан Јовановски“, тврди Русковска.

По рочиштето, објаснување со кое го правдаше исказот на Јовановски, даде и неговиот адвокат Сашо Дуковски.
„Таква снимка не постои, одговорно ви тврдам“, рече Дуковски.

Обвинителката Русковска тврди дека Јовановски изнел многу работи за кои нема докази и не се вистина.
„Треба да се има докази, а секој може сешто да каже“, искоментира Русковска по рочиштето.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра