Русковска и албанскиот колега-обвинител здружено ќе го гонат криминалот и корупцијата

Од:

Денеска Основната јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска оствари работна средба со својот албански колега, Главниот специјален обвинител во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, Арбен Краја.

„По плодната дискусија во врска со подобрување и унапредување на билатералната соработка во борба против организираниот криминал и корупцијата, двајцата обвинители водени од принципите на еднаквост, меѓусебно разбирање и заемни интереси потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата со кои раководат“, соопштија од нашето Обвинителство за организиран криминал и корупција.

„Со Меморандумот, обвинителствата се обврзаа во рамките на своите надлежности и согласно европското законодавство и законодавствата на Р.С.Македонија и Р.Албанија да ги зајакнат меѓуинституционалните односи во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Воедно, обвинителите се договорија да соработуваат преку размена на информации и документи поврзани со нивниот делокруг на работа, советување за општи правни прашања поврзани со заемната правна помош и меѓусебни посети со цел подобрување на знаењето и зајакнување на вештините на јавните обвинители од двете обвинителства“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама