Рускоска: Вчерашната ситуација со снимателите е едно големо недоразбирање

Од:

Шефицата на одделот за организиран криминал при јавното обвинителство, Вилма Рускоска, во однос на вчерашниот инцидент кој се случи во Кривичниот суд, каде по барање на нејзината колешка, обвинителката Ивана Трајчева беа избришани материјали од камерите на снимателите, рече дека станува збор за едно големо недоразбирање и дека судот и обвинителството ќе имаат дополнително соопштение за случајот.

– Се слушнав со претседателот на судот, го испитува настанот. Разговарав и со колешката. Станува збор за едно големо недоразбирање. Дополнително ќе има соопштение, рече Рускоска.

По вчерашниот скандал кој наиде на бурни реакции од јавноста кога по барање на една од обвинителките судската полиција бришеше материјали од снимателите на кои е снимена истата, денеска обвинителките седеа мирно и не ургираа до полицијата додека снимателите земаа инсерти од судницата.

Од Кривичниот суд велат дека немаат никаква врска со вчерашниот настан и дека полицискиот службеник ќе даде изјава за преземените дејствија.

Во одобренијата што медиумските екипи претходно ги обезбедуваат од Врховниот суд, никаде не е ограничено снимањето на странките во постапката. Обвинителите исто како и обвинетите се странки во постапката пред судот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он