Руско МНР: Западот со сила сака да ја внесе Македонија во НАТО

Од:

САД и државите од ЕУ на најгруб начин се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, преку туркање на преименувањето на земјата во Парламентот, сметаат од руското Министерство за надворешни работи, објави ТАСС.

– По неуспехот на референдумот на 30 септември, организиран со надеж да се добие сенародно одобрување на грчко-македонското „компромисно решение“, Вашингтон и водечките земји од ЕУ имаат намера да го протуркаат внесувањето на диктираните промени во Уставот на земјата во Парламентот, наведуваат од руското МНР.

Според Москва, во прашање е најгрубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Скопје.

– Во моментов се случува најгрубото мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Скопје, кое ги надминува сите разумни граници. Целта е внесување на Македонија во НАТО по секоја цена, наведува руското МНР.

Би можело да ве интересира

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“