Во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе почне да работи Руски центар со седиште на „Теодосиј Гологанов“ бр.28, трети кат. Свечено ќе биде отворен идниот понеделник, 11 јануари, соопшти денеска УКИМ.
Скопскиот универзитет ја почна реализацијата на проектот Руски центар минатата година, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и со фондацијата „Руски мир“.
На свеченото отворање ќе присуствуваат ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак, членови на Ректорската управа и Сенатот на УКИМ, членови на Владата на РМ и претставници на руската бизнис-заедница во Македонија.