Руска амбасада: Со пингвини ќе вршиме влијание на Балканот

Од:

Руската амбасада во Македонија, донацијата на пингвини за скопската зоолошка градина која доаѓа од Москва, ја искористи на ироничен начин да одговори на постојаните коментарите од западните амбасади, но и дел од македонската власт, дека тие го шират влијанието на Балканот. Тие напишаа дека сега, и со пингвините кои треба да се населат во Зоолошката градина, ќе влијаат во балканските земји. Ова доаѓа откако изминатава недела, Македонија протера руски дипломат кој беше прогласен за персона нон-грата.

„Русија продолжува да го шири своето влијание на Балканот. На 15 мај, 6 Хумболтови пингвини од зоолошката во Москва беа испратени во зоолошката градина во Скопје. Таму ќе се сретнат со пингвини од Италија и – се надеваме- ќе станат основа на нова популациja“, напишаа од Руската амбасада на „Твитер“.

Изминатите години, постојано се говори дека Русија се меша во политиките на земјите од Балканот. Вакви обвинувања доаѓаа и од американскиот државен секретар за одбрана, Џим Матис. Сите вакви тврдења, ги негираше Москва.

Инаку, Русија најави дека ќе преземе соодветни чекори како одговор на протерувањето на руски дипломат од Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Тројца руски дипломати протерани од државата, Захарова вели тоа нема да остане без одговор

Османи: Се надеваме дека протерувањето на рускиот дипломат нема да влијае на нашите односи со Русија

Ана Ололовска

Москва ќе одговори на протерувањето на руски дипломат од Скопје

Ана Ололовска

Руска амбасада за „А1он“: Граѓаните ни бараат вакцина, но за жал мораме да повторуваме дека ќе ја добијат ако Владата одлучи

Маја Илиевска-Пачемска

Баздникин: Рускофобичната кампања на Западот продолжува во Македонија