Русија изрази загриженост за инцидентот во Куманово

Од:

Руското Министерство за надворешни работи објави соопштение во врска со престрелката во Куманово, во кое се изразува загриженост и надеж дека ситуацијата наскоро ќе се нормализира.

– Со загриженост ги следиме информациите за вооружен инцидент кој се случи на 9 мај во Куманово. Се надеваме дека во најскорото време ситуацијата ќе биде нормализирана, а сите околности ќе бидат темелно истражени, пишува руското Министерство за надворешни работи во соопштението.

Во него се упатува повик до сите политички сили во Македонија да пристапат кон конструктивен дијалог, а меѓународната заедница и особено Мисијата на ОБСЕ да придонесат кон таков дијалог. Москва изразува уверување дека дијалогот би се водел исклучиво во институционалните и законските рамки, што би било во најдобар интерес на Македонија и во насока на задржување на регионалната стабилност.

Во соопштението на руското МНР исто така се изразува загриженост за протестите во изминатите неколку денови, и се оценува дека постапките на безбедносните сили обезбедиле притоа да се избегне ескалација на насилство. Според Москва, протестите се дел од обиди на невладини организации поттикнати од западните земји да предизвикаат “обоена револуција” во Македонија, што може да предизвика етнички тензии во мултиетничка Македонија и во соседните земји на Балканот.

Би можело да ве интересира

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Калас: Без притисок, Русија нема да преговара за мир

Кремљ вели дека средбата на Путин и Зеленски ќе се одржи само во Русија

ЕУ ја стави Русија на „црната листа“ на земји со висок ризик од перење пари и финансирање на тероризам

Две лица загинаа во напад на руски дрон во регионот на Киев

Петмина се убиени во руски напад со беспилотно летало врз воз во регионот Харков