(ВИДЕО) Рушиди: Законот за СЈО е фарса, нема да гласаме за него

Од:

Законот за СЈО е фарса, во процесот на реформи ние не го прифаќаме како ваков, изјави Сурија Рушиди од Алијанса за Албанците.

„Ова е уште еден обид да се затворат очите пред меѓународната заедница пред отпочнување на преговорите за Европската Унија.Ова е уште една политичка игра како што беше Законот за амнестија кој си го договорија СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.

Рушиди истакна дека за Алијанса за Албанците е неприфатливо јавниот обвинител да го бира Советот на јавни обвинители затоа што, според него, така се политизира СЈО.

„Не може на овој начин да функционира ова обвинителство. Бараме СЈО да се бира со општ консенсуз, бараме СЈО да ги истражи сите предмети од бомбите до крај“, рече Рушиди и додаде дека АА смета дека СЈО не ги дало резултатите кои ги очекувала јавноста.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он