Рунтевски: Секоја увезена пратка на храна се контролира

Од:

Секоја пратка на храна која влегува во Македонија подлежи на инспекциска контрола од страна на надлежните служби, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со производите што се увезуваат од државите кои неодамна беа поплавени.

Рунтевски нагласи дека Агенцијата е во постојана конуникација со надлежните служби во овие држави и е информирана за мерките што тие ги преземаат.

– Од наша страна е подигнат степенот на контрола онаму каде што се очекува дека може да настане опасност. Доколку за одредени производи се процени дека постои ризик од внесување на одредени болести или неисправна храна се подигнува степенот на контрола во насока на зголемување на бројот на мостри кои ќе бидат земени на граница, истакна Рунтевски.

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост