Руина и смет: спортско-рекреативниот комплекс „Треска“ се распаѓа

Од:

Некогаш едно од најубавите и најпознатите места за одмор во Скопје, спортско-рекреативниот центар „Треска“, е претворен во вистинска руина. Водата тече од сите страни и го поткопува објектот и прашање на време е кога тој комплетно ќе се распадне.

На сите страни смет, езерото е загадено, по некоја коза и крава се пуштени слободно на пасење.

Езерото се наоѓа во општина Сарај и ако често слушавме ветувања и од градот и од општината дека центарот ќе биде повторно функционален, ќе се гради викенд населба, хотелски комплекс или спортско-рекреативен центар за развој на екотуризам, се останува само на ветувања и очекувања.

Само неколку викендаши во камп приколки корона-летово често престојуваа тука. Велат, услови нема и валкано е, но барем сме на воздух и надвор.

Се уште траат дебатите за тоа кому треба да му припадне езерото Треска, на Градот или на Општина Сарај. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во далечната 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје. Тие издвојувале од своите плати за да се изгради овој рекреативен центар, кој со години беше омилено место за освежување и одмор, пред полека да почне да пропаѓа.

Езерото е затворено за капачи од 1998 година. Главна причина е тоа што водата е загадена и не ги задоволува пропишаните еколошки и санитарни стандарди, ниту потребниот квалитет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Се истепале двајца вработени во основно училиште во Сарај

Отворен пункт за лични документи во Сарај

Насилници со метални предмети истепале малолетници кои биле на екскурзија во Сарај

Горан Наумовски

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Инцидент во Сарај: Маж со пиштол пукал кон познаник