Руфи Османи: Ќе ги поддржиме кандидатите од опозицијата каде македонците се мнозинство

Од:

Претседателот на РДК и градоначалник на Гостивар, Руфи Османи за А1 изјави дека актуелниот струшки градоначалник „Рамиз Мерко е синоним за криминализација во Струга“.

„Сите наши информации говорат дека тој кандидат не заслужува да добие трет мандат. Тој е најголемата пречка за развојот на Струга и е синоним за криминализација во општина Струга. Јас мислам дека албанската опозиција, но општо и целата опозиција во Струга ќе треба да најде заеднични јазик да се номинира една квалитетна личност која ќе отвори нови визии и нови патеки за институционален и коректен развој на Струга“, рече Османи.

Руфи Османи кажа дека Мерко во изминативе два мандати и нанел голема штета на Струга.

„Едноставно тој човек имаше два мандати и за тие два мандати нанесе голема штета на општина Струга.Ние во РДК размислуваме дека тој не заслужува подршка за трет мандат. Нашите сознанија говорат дека во ДУИ не постои квалитативна перфоманса за кандидирање на луѓето. Постојат некои други критериуми за кои јас не би сакал да зборувам“, рече Османи.

Османи за А1 кажа дека и покрај нивната иницијатива за формирање трет албански опозиционен блок тоа не вродило со плод. Т ој рече дека на престојните локални избори ќе делуваат опозиционо, и онаму каде Албанците се мнозинство ќе кандидираат свои кандидати, но онаму каде мнозинство се македонците, ќе го подржат кандидатот на опозицијата.Османи не исклучува можност за коалиција и со СДСМ и покрај проблемите од минатото кои постојат со лидерот Бранко Црвенковски, подготвен е за соработка и со СДСМ
„Во останатите општини спремни сме да направиме одредена коалиција, во смисла на давање подршка на различни кандидати без разлика на етничката и политичката боја.“

Тоа значи ќе дадете подршка и за кандидатите на СДСМ, со оглед на релациите кои ги имате со Црвенковски?

„Јас мислам дека тоа прашање е отворено. Од опозициона гледна точка ние и требало да најдеме точки на соработка, и со оваа опозициона политичка партија на Македонците, без разлика на тоа што тие веќе имаат политички брак со ДПА, но ова прашање треба да се дискутира на централно ниво. Во зависност од кандидатите кои ќе се номинираат постои потенцијална можност да дадеме одредена подршка за одреден кандидат“, рече Османи.
Значи проблемите кои ги имавте со Црвенковски ќе ги оставите настрана?

„Тие проблеми се тука, ние не можеме да ги пресконеме. СДСМ и Црвенковски веќе имаат коалиција со ДПА и ние не се бавиме со таа нивна коалиција.Останува прашањето, како на пример во Охрид, каде ние објективно имаме мало членство и претендираме на помал број на гласови, каде ќе ги ориентираме тие гласови?Лично сметам дека досегашниот градоначалник на Охрид работел добро, имајки ги во предвид сите проблеми кои тој ги имал со централната власт, бидејки и јас ги имав истите проблеми. И тоа прашање останува отворено во смисла на подршка“, додаде Руфи Османи.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески