Лидерот на НДП, Руфи Османи, најавува радикализација на протестите во Гостивар, против градоначалникот Невзат Бејта, кој како што го обвинуваат, заради политички реваншизам ја отпушта администрацијата и просветните работници.
Гостивар ќе се крене, вели Османи, во интервју кое го најавува порталот НОВА, против Бејта, кој со фалсификат ја доби градоначалничката функција. Освен тоа, Османи вели дека ќе го тужи Бејта за обвинувањата дека со криминал ја раководел Оштината додека бил градоначалник.