РСБСП: Стоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат

Од:

Стоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат, апелираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата. Според нив минатата година во летниот период во сообраќајни незгоди животот го загубиле 65 лица што претставува околу 50 отсто од сообраќаните незгоди со фатални последици во однос на целата година.

– Досега според неофицијалните статистички податоци заклучно со 15 јуни оваа година, 36 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди на улиците и на патиштата во Република Македонија. Оваа година, во јуни, неофицијално, осум лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Секоја година, во периодот јуни – август, двојно се зголемува бројот на загинати и на повредени лица во сообраќајни незгоди, велат од РСБСП.

Тие како најчести причини за сообраќајни незгоди ги набројуваат брзото возење, неправилното престигнување, заморот, алкохолот, високите температури, некористењето на сигурносниот појас….

– Во сообраќајот нема простор, време и место за опуштање. Опасностите кои ги демнат сите учесници во сообраќајот во летниот период се сериозни. Време е да се освестат сите учесници во сообраќајот и сите заедно, со свест, разум и одговорност – да го направиме ова лето безбедно за патување. Безбедноста во сообраќајот зависи од сите учесници во сообраќајот, од секој од нас поединечно, пешак, велосипедист, мотоциклист, возач на моторно возило. Секој со своите постапки го прави сообраќајот повеќе или помалку безбеден. Затоа, секој треба добро да размисли, каков учесник е во сообраќајот и дали вреди да биде подобар и поодговорен, истакнуваат од РСБСП.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска