А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

РСБСП: Со непрописното паркирање се загрозува безбедноста во сообраќајот

by А1он17/04/2013 - 13:3817/04/2013 - 13:38127
Share0

Паркирањето е проблем со кој се соочуваат поголемите градови, но катните гаражи и зонското паркирање во Скопје го пополнуваат недостигот од паркинг места. Сепак, недоволно се користат овие можности за правилно паркирање со што се загрозува безбедноста во сообраќајот, особено на пешаците.

Добивај вести на вибер

Ова е ставот на учесниците на денешната трибина за современите предизвици за паркирање во урбаните средини организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи.

Податоците покажуваат дека минатата година се изречени вкупно 23.708 казни за прекршоци поврзани со непрописно паркирање што е речиси 15 проценти од сите возила регистрирани во Скопје, а со пајак службата во Скопје се однесени 12.050 возила што претставува повеќе од 7,5 проценти од вкупниот возен парк во главниот град.

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, правилното паркирање и користењето на катните гаражи е предизвик со кој се соочува и градот Скопје, особено ако се има предвид дека во Македонија има речиси 400 илјади регистрирани возила, а половината од нив се регистрирани во Скопје.

–  Најважно од се е да се смени свеста кај возачите и секој да чувствува лична одговорност дека со неговото однесување во сообраќајот и евентуалното непрописно паркирање не само што го оневозможува нормалниот проток на сообраќајот, туку може да оневозможи и пристап на интервентни возила како што се оние на Итна медицинска помош или противпожарни единици, истакна Јанкулоска.

За подобрување на состојбите, покрај превентивните мерки и подигнувањето на свеста на возачите, посочи Јанкулоска, неминовни се и репресивните мерки односно казнувањето.

Претседателот на РСБСП Никола Ангеловски укажа на загрозувањето на безбедноста на пешаците, особено на децата, при непрописното паркирање на возилата.

– Честопати возилата го заземаат просторот наменет за пешаци и со тоа ги присилуваат да се движат по коловозот што ја загрозува нивната безбедност и придонесува за голем број сообраќајни незгоди во кои жртви се секако пешаците. Треба да продолжат активностите за што е можно поефикасно ослободување на патеките за пешаци и интензивно користење на сите можности за правилно паркирање како што се зонското паркирање, катните гаражи и сите други форми на паркирање кои овозможуваат проодност на возилата и поголема безбедност на пешаците, а особено на децата, рече Ангеловски.

Изминатите три години, Министерството за внатрешни работи има поднесено 55.300 барања за покренување мерки против прекршителите на законските одредби за непрописно паркирање или околу 18 илјади постапки годишно што претставува опфат од околу 5 проценти од сите регистрирани возила во Македонија.

mvr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Предраг Петровиќ21/08/2025 - 16:10

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

Горан Наумовски21/08/2025 - 10:24

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Горан Наумовски20/08/2025 - 12:02

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

Предраг Петровиќ17/08/2025 - 11:26

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ17/08/2025 - 10:3217/08/2025 - 10:33

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 10:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен