РСБСП: Одговорно однесување во сообраќајот за празниците

Од:

Во пресрет на Новата Година и Божик, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ, безбедно учество во сообраќајот, особено да не се учествува во сообраќајот во случај на консумирање алкохол.

– Единствениот услов за безбеден сообраќај за време на празничните денови е да ги почитувате сообраќајните правила и прописи и условите на патот и да се прилагодувате кон нив. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно и на време ќе пристигнете до саканата дестинација, посочуваат од РСБСП.

Воедно, се апелира до учесниците во сообраќајот на смиреност, фокусираност, да возат одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.

– Подгответе го возилото – направете си ги сите потребни подготовки на возилото и осигурајте се дека во него имате ќебе, џебна ламба и комплет за укажување прва помош, односно сите потребни средства потребни во сличај на незгода. Ако патувате со деца во возилото, обезбедете им сигурно патување со тоа што ќе им обезбедите соодветно детско седиште. Проверете го товарот пред да тргнете на пат, се меѓу советите за возачите.

Најважниот апел до сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти, мотоциклисти е, наведуваат, да не се учествува во сообраќајот во случај на консумирање алкохол.

– Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот, единствен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не консумирате алкохол бидејќи алкхолот е една од водечките причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со смртни последици. Статистиката говори дека во 2016 година повеќе од 160 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Да не дозволиме овие празници да се претворат во нечија семејна трагедија. Учествувајте одговорно во сообраќајот, апелираат од РСБСП до сите учесници во сообраќајот посакувајќи им безбедни патувања, со желби за среќна Нова Година и среќен Божик.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска