РСБСП: Изморени не тргнувајте на пат, 20 проценти од смртните случаи се од замор

Од:

Дваесет проценти од смртните случаи на патиштата се поради заморот на возачите, затоа од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира граѓаните добро да размислат пред да тргнат на пат, внимателно и на време да го планираат своето патување, да прават 15 минути пауза на секои два часа ефективно возење и да не тргнуваат на долго патување ако се чувствуватат изморени.

Ако се почувствуваат изморено се препорачува да најдат соодветно и сигурно место за одмор, да направат кратка пауза и да консумираат кафе или друг кофеински производ во комбинација со освежителен пијалок или вода.

– Единствен начин за справување со заморот е добро спиење. Ниту еден кофеински производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат, соопшти РСБСП.

Краткиот одмор, како што се наведува, значи малку подоцна, но безбедно и одговорно пристигнување онаму каде што сте тргнале.

Според РСБСП, младите возачи спаѓаат во посебно ризична категорија учесници во сообраќајот и особено за нив, летото е најкритичен период кога е во прашање заморот и долгите патувања.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска