РСБСП: Да се вози внимателно и одговорно возење на Илинден

Од:

Да се вози внимателно и одговорно за време на утрешниот празник Илинден, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се прилагоди брзината спрема поставените ограничувања и условите на патот, препорачува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Повикувајќи се на официјалните статистички податоци, Советот укажува дека во овој период од годината, посебно поради високите температури, двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, на загинати и повредени лица.

– Високите температури кои се најавуваат за оваа недела и традиционалното одбележување на Илинден, се очекува дополнително да го зголемат интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини и кон граничните премини. Досегашното искуство покажува дека фреквенцијата на возила е најголема на патниот правец кон Крушево каде што традиционално се одржува централната прослава на празникот, но и кон излетничките места, езерата и планините, предупредува РСБСП.

Особено вниманителни, смета, треба да бидат помладите и понеискусни возачи на деловите од патот кои не им се доволно познати или не им се прегледни, а големо внимание треба да се посвети на патниот правец Стража – Охрид каде сообраќајот се одвива со привремен режим и со зголемена фреквенција на возила.

– Задолжително почитувајте ја патната сигнализација, сообраќајните знаци, поставените семафори, поставената сигнализација која укажува за патен правец на кој се извршува градежна работа, реконструкција на патот или на дел од патот на кој има можност од појава на поголем одрон. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, без исклучок. Во моментов на неколку поголеми патни правци низ Републикава се изведуваат градежни работи кои на некој начин го отежнуваат движењето на возилата и одвивањето на сообраќајот и доколку не се почитува сигнализацијата, може да дојде до сообраќајна незгода, предупредува РСБСП.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска