Рот: Скопје и Атина со Договорот од Преспа испишаа европска историја

Од:

Скопје и Атина испишаа европска историја, сега треба да гледаме напред, вели државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.

„Со Договорот од Преспа, Скопје и Атина напишаа европската историја. Сега треба да гледаме напред. Ние Германците им се восхитуваме на храброста и остроумноста и сме благодарни за тоа. Загриженоста на Грците, дека преку поговорот ќе има загуби, се неосновани. Напротив, преку решавање на спорот со името по 27 години народот ќе добие многу работи. Добрососедските односи, помирување и соработка се предуслов за мир, стабилност и просперитет во двете земји, но и во поширокиот регион. Посакувам младите луѓе од Грција и Северна Македонија да се сретнат оставајќи ги предрасудите зад нив и да создадат пријателства“, вели Рот за грчката новинска агенција.

Германскиот министер денеска ја заврши посетата на Атина, а се сретна со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, со поранешниот министер за надворешни, работи Никос Коѕијас и со советникот за надворешна политика на грчкиот премиер, Панајотис Павлопулос.

Михаел Рот на неговиот официјален „Твитер“ профил, му се заблагодари на Коѕијас, „еден од храбрите татковци на Договорот од Преспа“ и додаде дека тоа е „историски чекор напред за Скопје, Атина и Европа“.

Би можело да ве интересира

Рот: Не е време за меѓусебни уцени, ЕУ има јасни очекувања

Катерина Ѓуровски

Рот изрази поддршка за Македонија, повика ЕУ „да ги исполни обврските“ кон Скопје и Тирана

Жарко Настоски

Рот од Тирана: Албанија и Северна Македонија постигнаа многу, очекуваме ЕК да донесе позитивна одлука

Жарко Настоски

Рот: Бугарија го држи во заложништво проширувањето на ЕУ

Рот: Бугарската блокада е „сериозна политичка грешка“

Катерина Ѓуровски

Заев по средбата со Рот: Продолжува одличната соработка со Германија и недвосмислената поддршката за нашите интеграциски процеси