Росоман ќе има втор круг од изборите

Од:

Росоман ќе има втор круг од изборите, откако во првиот круг кандидатот на СДСМ и коалицијата Бранко Јанев освои 1.338 гласа, а неговиот противкандидат Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, доби 1.241 глас.

Претседателот на Општинска изборна комисија Лазар Симоновиќ денеска соопшти дека вчера гласале 2.711 избирачи, а излезноста изнесува 79.50 отсто.

– Народно движење за Македонија доби 320 гласа и еден советник, ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 1.045 гласа и 4 советнички места, Левица освои 256 гласа и едно место за советник, а СДСМ и коалицијата со 945 гласа се здоби со три советнички места, информираше Симоновиќ.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори