Ромите во Дебар дивоградбите ги легализраат на рати

Од:

Дебарските Роми, сопственици на 104 куќи-дивоградби, го решија проблемот со нивната легализација и тоа на најповолен начин за нив. Парите што треба да ги дадат за легализација на објкетите ги плаќаат на рати.

– По многу ангажирања да се најде донатор, се сретнавме со претставниците на ИнСоц-Скопје од Унгарија, кои се договорија со Хабитат од Скопје, со цел да им се помогне на дебарските Роми околу финансиите за легализирање на објектите. Парите Ромите ги враќаат на 18 месечни рати, вели Урим Куртиши, одговорен за прашања за ромската заедница.

Поради немање средства за изработка на елаборат и други давачки, иако аплицирале за легализација тие не можеа до крај да ја звршат постапката. Сега документите ги докоплетираат и веќе добиле решенија за легализација над седумдесет од нив.

Според Куртиши, тука треба да се спомне и разбирањето и поддршката на локалната самоуправа, како и од одделението за урбанизам.

Би можело да ве интересира

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар