Ромфеа.гр: МПЦ-ОА доби нов епископ со одлични односи со Цариград, Света Гора и ГПЦ

Од:

Грчкиот православен сајт Ромфеа.гр денеска на насловната страница ја пренесува информацијата за изборот на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Ромфеа.гр наведува дека отец Партениј бил избран за викарен епископ од Светиот синод на МПЦ-ОА на предлог на митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј, и дека ќе ја носи титулата епископ „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил епископско седиште.

Се најавува и хиротонијата на епископот Партениј на 12 јули во храмот Света Софија во Охрид

Ромфеа.гр напоменува и дека новиот епископ и игумен на Бигорскиот манастир бил духовно чедо на упокоениот архимандрит Георгиј Капсанис, поранешниот игуман на светогорскиот манастир Григоријат и оти одржува одлични односи со Света Гора и со архиереите на Вселенската патријаршија и на Грчката православна црква.

Во текстот за отец Партениј се нагласува и, како што се наведува, радосниот пречек што му го приредило монашкото братство во Бигорскиот манастир по неговиот избор за епископ.

Ова е втор афирмативен текст за случувањата во МПЦ-ОА што во изминатите десеттина дена ги објавува овој грчки православен сајт.

Ромфеа. гр неодамна опширно ја пренесе изјавата на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар дека Вселенската патријаршија како мајка црква е единствено надлежна за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, и оти Цариград веќе го разгледува тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски