Ромео: Веќе нема изговори за одложување на одлуката за преговори

Од:

Италија смета дека не постојат повеќе изговори за понатамoшно одложување на датумот за преговори. Се надеваме и очекуваме дека тоа ќе се случи до Самитот во Загреб, оцени италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

Позитивниот извештај на ЕК и обновената препорака за старт на преговорите со Северна Макеоднија и Албанија, според амбасадорот Ромео, е одлична вест и потврда дека двете земји постигнале значителен напредок на патот кон евроинтеграциите.

– Ние како Италија тоа го очекувавме. Сметаме дека конечно постојат сите услови за Северна Македонија да го добие датумот за преговори. Не дека претходно условите не постоеја, тие постоеја и во октомври и во јули минатата година. Меѓутоа, сега веќе сите оние пречки што постоеја сметаме дека се надминати и дека конечно можеме да очекуваме отворање на преговорите. Двата елемента кои се очекуваа во меѓувреме – ревизијата на методологијата беше прифатена, односно беше позитивно оцената од сите земји членки на ЕУ и вториот елемент беше оваа препорака – документ кој го очекувавме да излезе од Европската комисија, кој е позитивен и ги препознава сите напори кои државата ги вложи во постигнување на резултатите во реформите и во сето она што од неа беше побарано, вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео во интервју за МИА.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини