Романската православна црква ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

Од:

Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.

Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“.

Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна за доделување автокефалност.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје