Рокас: Фон дер Лајен се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Од:

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу преседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија. ​

– Изминатите неколку месеци сите работиме макотрпно сѐ со цел таква работа да се случи. Се надевам дека набргу ќе имаме регионална посета од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа ќе се реализира две-три недели, така што јас навистина се надевам дека нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори со Европската Унија – рече Рокас, кој присуствуваше на настан на ГП Табановце.

Прашан дали има некакви информации дека би можело да се донесат уставни измени со одложено дејство со цел да се обелокира евроинтегративниот процес, рече дека не може да сподели такви информации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Фон дер Лајен: Пресудата од Хаг мора да се почитува, никој не може да ја прекројува историјата на Косово

А1он

Кос: ЕК следната недела ќе изнесе дополнителни идеи за проширувањето

ЕУ нуди пристап до заедничкиот пазар на земјите кандидатки, но под услови и можност за суспензија

Катерина Ѓуровски