Родител со чекан нападнал соученик на својот син во Охрид

Од:

Ученик на Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид, денеска бил натепан од страна на родител на друг ученик.

На нападот му претходела расправија и турканица меѓу двајца ученици, после која еден од учениците го повикал неговиот родител, кој набргу потоа дошол во училиштето и со чекан го нападнал другиот ученик, нанесувајќи му лесни телесни повреди.

Очевидци тврдат дека набргу по нападот, неколку ученици застанале во одбрана на нападнатиот, по што родителот побегнал во близина на дворот од училиштето, фрлајќи со камења по нив.

За инцидентот била известена полицијата, која пристигнала на лицеместо бргу по нападот. На разговор во полициската станица биле повикани четири лица, а се најавени и соодветни кривични пријави против иницијаторите на инцидентот.

Од управата на училиштето најавуваат дека ќе бидат преземени соодветни мерки за расчистување на случајот, со цел спречување слични инциденти.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа