Родилката од Дебар: ќе ги објавам имињата на лекарите што не најдоа пропуст за извадените бубрег, јајчник и матка

Од:

Родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, која, по породувањето со царски рез, си замина дома без бубрег, јајчник и матка, не го добила извештајот од стручниот надзор за постапувањето на лекарите при нејзината операција и лекување. Таа вели дека преку адвокатот го побарале извештајот, но сè уште не им е доставен.

„Не го даваат извештајот оти адвокатот не донел полномоштво. Еве и тоа ќе им пратиме. Вчера го побаравме, еве денес адвокатот и полномоштвото ќе им го однесе, тој веќе четири месеци ме застапува. На домашна адреса не ми е стигнат извештајот, а сè што добивав од Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега, сите документи, ми стигнуваа на домашна адреса“, вели Веапоска.

Денес, Лекарската комора извести дека не може да ги каже ниту имињата на лекарите што го вршеле стручниот надзор оти им била гарантирана безбедноста ниту, пак, може јавно да сподели делови од извештајот оти на прес-конференцијата беа претседателката, нејзиниот заменик и уште неколкумина лекари, кои не го правеле надзорот и немаат пристап до тој документ. Претседателката на Комората, Калина Гривчева-Старделова, рече дека право да го добијат извештајот имаат пациентката, Министерството за здравство и Општата болница во Струга, каде што е правен стручниот надзор.

И министерот Филипче вчера не ги кажа имињата на лекарите иако на прес-конференција уверуваше дека тоа не e тајна.

Родилката Веапоска за „А1он“ вели дека ако ги добие, ќе ги објави имињата на лекарите што утврдија дека гинекологот Мухамед Асани не направил пропуст во нејзиното оперирање и лекување.

„Ако ги има во извештајот, зошто да не ги објавам. И онака сè е јавно. Ќе го бараме со адвокатот, ако му го достават, во ред, ако не, сама ќе го барам. Ќе одам во Скопје“, одлучна е Веапоска.

Таа вчера од Институтот за патологија ги подигна калапите од органите. Ги однела на анализа во приватна клиника, со што сака да докаже дека органите ѝ биле здрави.

„И во патолошкиот наод стои дека органите се здрави. Според извештајот, на секој орган имало свежо крвавење. Ќе се обидеме да дознаеме зошто имало крвавење и зошто се извадени“, објаснува таа.

Таа веќе поднесе кривични пријави за шестмина лекари, кои учествувале во нејзината операција кога ѝ биле извадени органите. Се надева дека Обвинителството по службена должност ќе побара вештачење, кое ќе покаже, прво, дали се нејзини извадените органи, а потоа дали се извадени здрави.

Обвинителството веќе постапува по кривична пријава за овој случај откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека гинекологот Мухамед Асани дома имал дива амбуланта, во која Веапоска вели дека ја прегледувал и неа.

Конечен став за целиот случај и за евентуално разрешување на Асани од функцијата директор на Општата болница во Струга, министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе донесе следната недела откако во Министерството ќе ги анализираат сите наоди што им се доставени.

Министерот Филипче во вторникот извести дека му стигнал извештајот од стручниот надзор за случајот на родилката од Дебар и дека не се најдени пропусти во постапувањето на гинекологот Асани.

Случајот со јавноста го сподели Веапоска во јануари годинава кога во негово расчистување се вклучија Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Обвинителството и Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

Немало грешки во лекувањето на малата Јана – Нема кривично дело за смртта, пресече Обвинителството

Анита Петровска Рајковиќ

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, следното рочиште со вештаци од Судска медицина

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска