Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија

Од:

Родилка и нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија. Четириесет годишната трудница К.Ј. од населбата Шуто Оризари, Скопје била примена во приемната амбуланта на ЈЗУ У ГАК-Скопје на 18 септември, на нејзино барање со образложение дека е дојдена да ја види состојбата на нејзиното бебе.

Таа, како што соопштија од Клиниката, не знаела кога и била последната менструација и го информирала медицинскиот тим на Клиниката дека тоа и е втора контрола откако е бремена, што, како што посочуваат од Клиниката, значи дека нејзината бременост не била контролирана и не знаела која недела е од бременоста. Ова на К.Ј. и била 11 бременост, има четири живородени деца и шест прекинати бремености.

Таа, наведуваат од ГАК, веднаш била ставена на ЦТГ мислејќи дека станува збор за терминска бременост, а по направениот ултразвучен наод е утврдено дека трудницата е во 36-та гестациска недела од бременоста.

– Според наодот на ЦТГ-то кој бил двојбен, лекарите дале мислење дека тоа треба да се повтори за два часа поради што на пациентката и било сугерирано да не се оддалечува на подолго време од Клиниката имајќи предвид дека живее во населбата Шуто Оризари, во меѓувреме нешто да јаде, по што трудницата излегла надвор од Клиниката за да испие кафе. На ЈЗУ У ГАК-Скопје таа се вратила во 16:15 часот и на лекарите им рекла дека во периодот од два часа била во својот дом, каде што прокрвавела, се вели во соопштението.

Дежурната екипа на Клиниката потврдила дека дошло до интраутерина смрт на плодот поради настанатата абрупција (одлепување на постелката). Веднаш и бил земен тест за Ковид-19 и додека се чекал резултатот од тестот кој бил негативен и била земена крв за лабораториски иследување и за утврдување на крвната група на пациентката, која до тој момент, поради неконтролираната бременост, не била позната.

Трудницата побарала стерилизација и откако нејзиното семејство од страна на лекарите било информирано дека бебето е изгубено, дека таа обилно крвави поради што мора итно да биде оперирана, дежурната екипа итно влегла со пациентката во сала. И била терминирана бременоста со царски рез и направена стерилизација. На отворањето интраоперативно имала целосна абрупција на постелката.

– По извршената интервенција, таа била префрлена во шок соба каде што и покрај интензивната реанимација по протокол, продолжило влошувањето на нејзината состојба, по што целиот тим гинеколози и анестезиолози одлучиле дека треба да се направи ревизија. Истата е направена меѓутоа и покрај целосниот напор на медицинскиот тим да биде спасен животот на пациентката, таа егзитирала вчера, на 19 септември 2020 во 17:43 часот, наведуваат од Клиниката.

Оттаму посочуваат дека внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК го испитува случајот, а од утре ќе го разгледува и Комисија формирана од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Застрелал човек со кој бил на лов: кривична пријава за убиство од небрежност

Трагедија кај Елешец: Загина 18-годишно момче, тинејџер е тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е