Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Од:

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го одложи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување, бидејќи бара подолго време за да одлучи како ќе се произнесе за кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите, откако мнозинството во Собранието го измени Кривичниот законик.

„Имајќи ги предвид одредбите од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, односно правните прашања кои произлегуваат од него и нивното влијание на правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите додека се донесе соодветна јавнообвинителска одлука, барам да се одложи закажаната расправа“, стои во поднесеокот на обвинителството кој беше доставен до Кривичниот суд.

А како обвинителството ќе се произнесе за измените на Кривичниот законик ќе се знае на 4 октомври, за кога судијата Илија Трпков закажа ново рочиште.

„Да видиме што ќе прецизираат од Јавното обвинителство и како ќе се осврнат на правната квалификација“, рече судијата Трпков.

Со измените на Кривичниот законик, застарување ќе има на делата кои им се ставаат на товар на ексминистерката Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски кој беше шеф на кабинетот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како и бегалците контраразузнавачи, Горан Грујевски и Никола Бошковски. Мијалков се спасува само од делото „злосторничко здружување“, но не и од целосното обвинение за предметот „Таргет-Тврдина“, бидејќи е обвинет и за „злоупотреба на службената положба и овластување“, но за дело за кое не беше променет Кривичниот законик. Тој се гони по член 2, каде максимална затворска казна е пет години, па за него тоа дело ќе застари во 2025 година.

Во овој предмет, 12 обвинети беа осудени на вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор. Но лани во декември Апелација ја укина пресудата, па затоа главниот предмет на некогашното СЈО сега е на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Зеќири: Физибилити студијата се користи, 593 дена трае мојата лична драма ни крив ни должен

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

(ВИДЕО) Русковска: Тие што ми вршеа притисок се истите што ми нудеа повисока позиција за да прекинам истрага

Александар Тодески