Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Од:

Самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје отповика неколку термини на закажани рочишта во Основниот кривичен суд Скопје, помеѓу кои се и судењата за „Ласкарци“, „Жан Митрев“ и „Титаник“.

Претходно закажаниот термин за главна расправа за сообраќајната несреќа кај Ласкарци на 30 ноември беше отповикан поради одлуката на Владата за неработен ден. Судењето ќе продолжи на 14 декември во 9:30 часот.

Глaвната расправа за предметот поврзан со приватна здравствена установа „Жан Митрев“ насрочена за утре, исто така, се отповика, поради одлуката на Владата да се работи со скратено работно време и ќе продолжи на 15 декември во 12 часот.

Се отповика и рочиштето за изборните нерегуларности, „Титаник“, насрочено за 30 ноември, кое ќе продолжи на 12 декември од 10 часот.

Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, за сите останати судења насрочени во судот за 29 ноември по 12 часот и на 30 ноември за време на целиот ден, кои ќе се одложат заради одлуката на Владата на РСМ, странките ќе добијат дополнителни известувања кога ќе продолжат со расправите.

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Пред денешното рочиште се разболе обвинетиот кој со мотор го усмрти скопјанецот Југослав Николовски

Почина сведок во Кривичниот суд во Скопје