Робертсон во Битола на трибина на „Излези ЗА европска Македонија“

Од:

Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечер ќе престојува во Битола каде ќе учествува на јавна трибина на тема „Излези ЗА Европска Македонија“.

Како што е познато, британскиот политичар Робертсон, беше десеттиот генерален секретар на НАТО кој функцијата прв човек на НАТО ја вршеше во периодот од 1999 до 2004 година.

Организаторот најавува дека на трибината ќе учествува и македонскиот координатор за НАТО Стево Пендаровски, а нивни домаќин е градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Јавната трибина ќе се одржи на отворено, во дворот пред националната установа Завод и Музеј-Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките