Ристовски од Неготино: Претседателската инвестициска иницијатива на коалицијата „Храбро за Македонија“ предвидува инвестициски бум во енергетиката

Од:

Нема подобар момент и нема подобро место како градот Неготино да ја обзнаниме претседателската инвестициска иницијтива и нема подобра област за инвестиции од енергетиката, кадешто Неготино, знаете дека е добро познато во Македонија, рече лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски и коалициски партнер на претседателскиот кандидат на коалицијата Стевчо Јакимовски.

Инаку, Владата пред неколку месеци ја усвои и апсолвираше како финална одлуката согласно нашата Стратегија од 2020 за зелениот хидроген или водородот и влезе во еден процес на барање стратешки инвеститори за хибридна гасно-водородна електрана од 810 мегавати во Неготино и 250 мегавати во Битола, тоа е повеќе од 1,1 гигавати, што претставува инвестиција од околу една и пол милијарда.

Оттука, ние во периодов пред нас, ќе привлечеме неколку инвестициски фондови од коишто два се американски инвестициски фондови коишто се директно заинтересирани да бидат стратешки партнери на Владата во овој сегмент, а тоа ќе значи огромна инвестиција за овој регион, за Неготино, но и за Македонија како држава ќе значи енергетска независност, што е еден од столбовите на суверенитет на секоја држава.

Тоа ќе биде само една од иницијативите, со оваа претседателска инвестициска стратегија ќе привлекуваме мноштво на приватни инвестициски фондови коишто ќе ја разиграат економијата и ќе бидат сериозен извор на капитал и за крушниот капитал во Македонија, но и за микро, мали и средни претпријатија, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите, ќе им служат ним за буст на творечкиот потенцијал

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он

Средба на Ристовски со пензионери – Мора да се подобри квалитетот на животот на пензионерите

Ристовски: Дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прифатија укинување на 20 посто употреба на албанскиот јазик и воведување двојазичност со што се гасне унитарниот карактер на Македонија

Катерина Ѓуровски

Ристовски: Во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав зошто македонскиот народ така ја губи државотворноста во Македонија