Ристовски: Образовниот систем содржи доволно елементи за соодветно сексуално образование

Од:

Министерот за образование на наука Спиро Ристовски денеска во Охрид ја отфрли иницијативата на Невладината организација „ХЕРА“ за воведување посебен предмет сексуално образование во образовниот систем на Македонија, како и предлогот за употреба на нивниот прирачник како средство за едукација на младата популација.

– Денеска бевме информирани за иницијативата, за воведување посебен предме и посебен учебник за сексуално образование, но не било кој учебник или од било кои автори, туку нивниот кој тие го изработиле како сопствен проект. Ниту една иницијатива нема да не примора да прифатиме било каков учебник да биде употребуван во рамки на образовниот систем на Република Македонија, истакна Ристовски.

Тој појасни дека понудениот прирачник веќе има добиено негативно мислење на Бирото за развој на образованието, што за Министерството за образование е доволен показател дека не ги исполнува доволно условите истиот да биде употребуван во образовниот систем.

– Во рамки на образовниот систем на РМ, во рамки на предметот за животни вештини, со поддршка на УНИЦЕФ, е изработен посебен прирачник врз основа на кој се информираат учениците за повеќе животни вештини, очекувања и состојби во текот на нивниот раст и развој, меѓу кои има и дел посветен на сексуалното обраозование. Според нас и според УНИЦЕФ, тоа е сосема доволно за соодветно сексуално образование на младата популација, нагласи Ристовски.

Министерот за образование нагласи дека ниту една иницијатива ниту притисок, или, како што рече, желба за добивање определени фондови или средства, нема да ги мотивира или да ги примора да прифатате било чија инцијатива, особено не учебници или прирачници во кои се поистоветуваат односите меѓу мажот и жената со истополовите релации. Уште повеќе, подвлече, што во посочениот прирачник на ХЕРА има куп експлицитни термини, тотално несоодветни на возраста на учениците.

– Тоа за нас е апсолутно неприфатливо во тој дел како Влада имаме дефинирано јасна позиција. Сметаме дека во делот животни вештини сосема доволно е опфатена едукацијата на младите по однос сексуалната ориентација, додаде министерот за образование Спиро Ристовски.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска