Ристовски: Ниедна држава немаше обврска да го уапси Груевски

Од:

Заменик министер за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или да го уапси Никола Груевски кога поминувала низ Србија.

Во разговорот за „Политика”, Ристовски укажа на фактот дека за Груевски во тоа време не била објавена меѓународна потерница.

„Колку што ми е мене познато, ниту еден официјален претставник од Владата на Република Македонија не упати критики за Србија, ниту побара објаснување за тоа зошто Груевски не бил уапсен”, рече Ристовски.

Во разговорот Ристовски додава дека ниту една од соседните држави низ која поминал Груевски, пред да биде објавена меѓународната потерница, не била должна, ниту пак смеела да го уапси за дела кој се направени во Република Македонија.

„Не знам зошто тоа воопшто било предмет на дискусија“, додава заменик министерот за правда.

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски е осуден на две години казна затвор за случајот „Тенк”. Никола Груевски пред повеќе од еден месец избега од Македонија и експресно доби азил во Унгарија. Македонија не знае како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски